Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

13 пожари на отворен простор до 13 часот, шест сѐ уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library641qr7kluupa4doCzWK
unsplash

Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот денеска, од кои шест се активни, пет се под контрола, а два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни пожари има во Општина Струга, меѓу селата Буринец и Локов, во Општина Сарај, во селото Копаница, во Општина Студеничани, во реонот на Палиград, како и во Општина Ѓорче Петров, кај селото Грачани.

— реклама —

Пожар е активен и во Општина Македонски Брод, кај селото Белица, на месноста Кајорец, на врвот, каде што гори борова шума. Во Општина Ново Село активен е пожар на депонија во селото Ново Село.

Пет пожари се ставени под контрола. Во Општина Македонски Брод се под контрола пожарите кај селата Битово, Заград и Страјане, како и кај Драгов Дол. Под контрола е и пожарот над селото Палиград во Општина Зелениково, на градската депонија Острец во Делчево и пожарот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица во Општина Штип.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати два пожара – кај месноста Макази, во близина на селото Подмочани во Општина Ресен, и во месноста Дардара кај селото Тајмиште во Општина Кичево.

— реклама —

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на терен и да ја координираат интервенцијата на надлежните служби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања