Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

18-годишниот Огнен од Делчево доби плакета откако пронашол 4.000 евра на улица и ги предал во полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarynhebj2p0tpq4aMRufxa

Осумнаесетгодишниот Огнен Малешевски од Делчево доби плакета од градоначалникот Иван Гоцевски, откако викендов пронашол изгубени пари и лични документи и ги предал во полицијата.

— реклама —

Младиот делчевец во саботата, на булеварот „Македонија“, пронашол патна исправа и лична карта на свој сограѓанин, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра. Наместо да ги задржи, веднаш ги однел во Полициската станица во Делчево.

— реклама —

Градоначалникот Гоцевски го прими Огнен и му додели плакета за неговата постапка, истакнувајќи дека младиот сограѓанин ја воодушевил јавноста со својот пример, без да бара внимание или признание.

— реклама —

Тој порача дека Делчево може да се гордее со постапката на Огнен, која ја оцени како пример за чесност и граѓанска одговорност.

— реклама —

Позитивната постапка ја поздрави и Министерството за внатрешни работи, оценувајќи ја како пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

Четири подрачни училишта во Делчево привремено престануваат со работа

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
goran-trajkovski-delcevo

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Македонија | пред 1 година

goran-trajkovski-delcevo

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Македонија | пред 1 година

nevreme-delcevo

Прогласена кризна состојба во Делчево

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања