Промени тема
Контакт

Четири подрачни училишта во Делчево привремено престануваат со работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
uciliste

Четири подрачни училишта во Делчево привремено ќе престанат со работа поради значителното намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката се однесува на училиштата во селата Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче, а беше донесена на 15. седница на Советот на Општина Делчево, по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Општинскиот советник за образование, Ванчо Новоселски, посочи дека одлуката била донесена по анализа на бројот на ученици, финансиските трошоци и консултации со родителите. Според него, годишните трошоци за електрична енергија, плати, вода и огрев за четирите училишта изнесуваат околу 10 милиони денари.

Дополнителен проблем, како што беше посочено, е неповолниот однос меѓу бројот на наставници и ученици. Додека националниот просек е еден наставник на 17 ученици, во Делчево бројот на ученици во подрачните училишта е значително помал и има тенденција дополнително да се намалува.

— реклама —

Како пример е наведено училиштето во Ѕвегор, каде што од четири ученици, тројца се запишуваат во централното училиште. Во дел од подрачните училишта, пак, се формираат комбинирани паралелки со само неколку ученици.

На одлуката ѝ претходел план за оптимизација што го подготвила општинска работна група. По консултациите со родителите, сите родители од Габрово и Ѕвегор се согласиле децата образованието да го продолжат во централното основно училиште „Ванчо Прке“. За учениците од Вирче биле договорени решенија согласно нивниот избор, меѓу кои и продолжување на образованието во ООУ „Св. Климент Охридски“.

— реклама —

Од Општина Делчево нагласуваат дека не станува збор за трајно затворање на училиштата. Министерството за образование и наука дало согласност за нивен привремен престанок со работа.

— реклама —

Доколку во иднина се зголеми бројот на ученици и се создадат услови за повторно функционирање, училиштата би можеле повторно да започнат со работа. Во меѓувреме, се разгледува можноста објектите да ги користат месните заедници или невладини организации за активности од општ интерес.

Во однос на наставниот кадар, наставниците вработени на неопределено време ќе бидат задржани, додека договорите на наставниците ангажирани на определено време нема да бидат продолжени доколку нема услови за нивен понатамошен ангажман.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

goran-trajkovski-delcevo

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Македонија | пред 1 година

goran-trajkovski-delcevo

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Македонија | пред 1 година

nevreme-delcevo

Прогласена кризна состојба во Делчево

Македонија | пред 3 години

nevreme-delcevo

Општина Аеродром ќе донира 500.000 денари за справување со последиците од невремето во Делчево

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања