Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци, Македонија станува сe подобро поврзана со Европа и светот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Повеќе од 2,4 милиони патници биле опслужени на двата македонски аеродроми во периодот од јануари до јули 2026 година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, оценувајќи дека бројките укажуваат на подобра поврзаност на земјата со европските и светските дестинации.

— реклама —

Според податоците што ги објави партијата, аеродромите во Скопје и Охрид во првите седум месеци опслужиле вкупно 2.414.892 патници, што е за 535.697 повеќе во споредба со истиот период во 2025 година.

— реклама —

Во истиот период биле реализирани 16.280 летови, односно 1.295 повеќе отколку во првите седум месеци од минатата година.

Растот бил особено изразен во јули. Скопскиот аеродром во текот на месецот опслужил 408.925 патници, што претставува зголемување од 29,5 отсто, додека преку охридскиот аеродром минале 52.544 патници, или 41,2 отсто повеќе во споредба со истиот период.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека зголемениот број патници значи и поголем број туристи и посетители, како и дополнителна работа за туристичкиот и услужниот сектор.

— реклама —

Од партијата велат дека резултатите се потврда за ефектите од владините политики насочени кон развој, инвестиции и подобра воздушна поврзаност на Македонија со Европа и светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 22 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања