Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

244 сведоци предложени од одбраната во случајот „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Судскиот процес за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува со забрзано темпо, без досега да биде одложено ниту едно рочиште. Според најновите податоци од Основниот кривичен суд, досега се одржани вкупно 49 рочишта.

— реклама —

Од нив, девет биле одржани во 2025 година, додека во текот на 2026 година се одржани уште 40 рочишта. Податоците беа презентирани од претседателката на судот, Даниела Димовска.

— реклама —

Предметот е обемен и поради големиот број докази и лица опфатени со постапката. Досега биле изведени 1.309 материјални докази, а пред судот свои искази дале 45 сведоци и шест вешти лица, кои ги појаснувале техничките и безбедносните околности поврзани со случајот.

Одбраната на обвинетите предложила и дополнително сослушување на 244 сведоци, што укажува дека постапката ќе продолжи и во наредниот период.

— реклама —

До крајот на 2026 година се закажани уште 15 рочишта. Според планот на судот, последното рочиште за годинава е предвидено за 24 декември, по што процесот ќе продолжи во 2027 година.

— реклама —

Поради обемот на доказниот материјал, бројот на обвинети и предложените сведоци, судската постапка се очекува да продолжи и во текот на следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qqmrmabv7bmdavYb0j

Мајка на загинато момче од „Пулс“: „Не ни требаат нови ветувања по нови погреби, туку институции што ќе ги штитат животите“

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 ден

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 2 дена

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања