Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

29 пожари на отворено во едно деноноќие, шест сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn
Илустрација

Во изминатото деноноќие, до 07:30 часот на 18 август, во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Прилеп и Долнени.

Во Студеничани гори мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, додека во Македонски Брод пожарите се активни кај Видуш, Драгов Дол, Локвица и Девич, каде е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Пожарот во Општините Велес и Зелениково се шири од С’лп и Горно Село кон Карабуниште, Бузалково, Добрино и Тисовица, при што гори ниска вегетација, дабова и габерова шума.

— реклама —

Активен пожар има и во Јегуновце и Сарај, на потегот Копанце – Туденце со проширување кон Бојане, како и во село Чаниште во Прилепско, каде се зафатени ниска вегетација и објекти. Во Долнени, активни се пожарите кај Вранче и Бело Поле.

Пожарот во Делчево, на депонијата, е ставен под контрола.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати 22 пожари во повеќе општини, меѓу кои Студеничани, Битола, Крушево, Прилеп, Ресен, Валандово, Дојран, Охрид, Струга, Дебар, Росоман, Штип, Куманово, Кратово, Желино и Врапчиште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања