Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

29 пожари за едно деноноќие, три сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p
Илустрација

Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во реонот на Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и над Вражале.

— реклама —

Активен пожар има и во село Трново, Гостиварско, каде гори мешана шума, како и над село Нежилово во Општина Чашка, каде што пожарот зафатил смреки.

Под контрола е пожарот во село Тајмиште, Кичевско, во месноста Дарда, каде гори високостеблеста букова шума.

— реклама —

Од останатите 25 пожари што биле регистрирани во текот на ноќта, меѓу другите, биле зафатени подрачја во Пробиштип, Илинден, Сарај, Студеничани, Арачиново, Македонски Брод, Новаци, Петровец, Струмица, Берово, Карбинци и Чешиново-Облешево.

— реклама —

Во повеќето случаи горела ниска и сува вегетација, грмушки и шума, а регистрирани се и пожари на стрништа, отпад и објекти. Сите овие пожари се изгаснати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања