„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

30 дена притвор за Фехми Стафа: Требало да издејствува укинување притвор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8545iruq9gvo6e09bBQ

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на обвинителството и му определи мерка притвор од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, поради постоење опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Притворот е определен согласно точка 1 и 2 од законските основи, информираат од судот.

— реклама —

Во рамки на истрагата е утврдено дека лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, осомничен во предметот „Синџир“. Постапката против Пецов во моментов е прекината бидејќи тој се наоѓа во бегство и е недостапен за органите на прогонот.

Според досегашните наоди на обвинителството, Стафа е осомничен дека за паричен надомест требало да го искористи своето влијание за да интервенира кај судија од Апелациониот суд Скопје со цел укинување на притворската мерка за Пецов. Токму овие околности, заедно со тежината на делото и позицијата што ја извршувал осомничениот, биле клучни за судот да оцени дека постои реален ризик од бегство и можност за попречување на истражната постапка.

— реклама —

Случајот продолжува да се води во надлежност на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое најавува натамошни истражни дејствија за целосно расчистување на настаните и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

grubi5123

Нема да биде чудно Груби да биде и во куќен притвор, а моментално е во затворот Шутка

Македонија | пред 5 дена

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Осум дена ќе бидат во притвор таткото и неговите две ќерки по инцидентот со 500 крави во кривопаланечкото село

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Се бара притвор за ќерките и таткото од кривопаланечко по тепачките за кравите: детали од обвинителите

Македонија | пред 2 месеци

policija-ohrid

Тинејџерот што го силуваше 12-годишното девојче во Охрид оди во 30-дневен притвор

Охрид | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања