Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Се бара притвор за поранешен српски министер за економија осомничен за злоупотреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 27 минути -

Балкан
media-librarydm83uusacgi777GKggD

Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Баста, е осомничен за злоупотреба на службената положба, а Вишото јавно обвинителство во Белград побарало за него притвор до 30 дена поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци.

— реклама —

Според информациите што ги пренесува „Танјуг“, Баста се сомничи дека во периодот од 27 ноември 2020 до 6 јуни 2022 година, додека бил на чело на ЈКП „Белградски електрани“, донел 10 одлуки за доделување парични донации без законска основа.

— реклама —

Станува збор за вкупно 14,1 милион динари, кои биле исплатени на здруженија и спортски организации спротивно на прописите за доделување помош. Според обвинителството, извршната директорка за економско-финансиски работи ги реализирала исплатите и покрај тоа што била запознаена дека одлуките и договорите за донации не се во согласност со прописите.

— реклама —

На дел од претставниците на здруженијата им се става на товар перење пари во вкупен износ од шест милиони динари. Според сомневањата, тие подигнувале дел од средствата како провизија, а остатокот му го предавале на осомничениот Ж.В.

— реклама —

Обвинителството побарало притвор и за Ж.В., додека на останатите осомничени им било укинато задржувањето. На Баста му се става на товар продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба, а на другите осомничени перење пари или помагање во злоупотребата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycfad3jn6qmij1qbmmv0

Осумдневен притвор за скопјанецот кој ги запали возилата на Бугарската амбасада

Скопје | пред 4 месеци

— реклама —
grubi5123

Нема да биде чудно Груби да биде и во куќен притвор, а моментално е во затворот Шутка

Македонија | пред 8 месеци

media-library8545iruq9gvo6e09bBQ

30 дена притвор за Фехми Стафа: Требало да издејствува укинување притвор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Македонија | пред 10 месеци

media-libraryn5qfe9madt2p2lc9bq0

Осум дена ќе бидат во притвор таткото и неговите две ќерки по инцидентот со 500 крави во кривопаланечкото село

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања