Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

35 пожари за едно деноноќие: Пет и натаму активни низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn
Илустрација

Вкупно 35 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија во периодот од 20 до 21 август, до 7:30 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 28 се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во Прилепско, Студеничанско, Македонски Брод, Кичевско и Липковско.

Во Општина Прилеп активен е пожарот кај селото Чаниште, со краци кон Крушевица, Лопатица, Дуње и кон Црна Река, каде гори ниска вегетација. Пожар има и на потегот Моране–Вртекица–Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума.

— реклама —

На подрачјето на Македонски Брод активни се пожари кај месноста Видуш, во близина на Драгов Дол и кај Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Во Кичевско пожарот кај селото Тајмиште, во месноста Дарда, зафатил високостеблеста букова шума, додека во Општина Липково активен е пожарот кај Никуштак, каде гори ниска вегетација и шума.

Под контрола се пожарите кај селото Мојно во Општина Могила и на потегот Белушино–Јакреново во Крушевско.

— реклама —

Во изминатото деноноќие се изгаснати уште 28 пожари на отворен простор, меѓу кои и во Студеничани, Бутел, Гази Баба, Новаци, Струмица, Радовиш, Струга, Кичево, Велес, Кавадарци, Неготино, Лозово, Кочани, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања