Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

40 пожари на отворено во изминатото деноноќие, шест сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
1120507507
Илустрација

Вкупно 40 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата до 07:30 часот денеска, 14 август, соопшти Центарот за управување со кризи.

Од нив, шест пожари се активни, три се под контрола, додека 31 пожар е целосно изгаснат.

— реклама —

Активни пожари има во шест општини. Во Студеничани огнот е над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски Брод пожарот е во месноста Видуш, кај Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Активен пожар има и во битолското село Лопатица, во Новаци на подрачјето на селата Маково, Мојно и Брник, кај Крушево на потегот Алданци–Норово, како и во велешкото село Слеп.

Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево, кај селата Лознани и Вашарејца во Могила и во селото Копанце во Јегуновце.

— реклама —

Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари на повеќе локации низ земјата, меѓу кои во Сарај, Прилеп, Крушево, Долнени, Ново Село, Василево, Охрид, Струга, Кичево, Чашка, Велес, Кавадарци, Куманово, Липково, Јегуновце, Тетово, Врапчиште и Гостивар.

— реклама —

Меѓу најпогодените подрачја биле Прилеп, каде што се регистрирани повеќе одделни пожари, како и Охрид и Струга. Во дел од случаите биле зафатени ниска вегетација, шума, стрништа, депонии, земјоделски површини и објекти.

Од ЦУК продолжуваат да ги следат состојбите на теренот и активностите за гаснење и целосно локализирање на пожарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања