Промени тема
Контакт

403 лица исчезнати во Непал, властите во Индија се подготвуваат за можни поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryrbpl0k4nr6d7aHpYJiY

Властите во Непал продолжуваат со потрагата по стотици исчезнати лица, додека соседна Индија презема превентивни мерки поради опасност од поплави предизвикани од надојдената река Гандак.

— реклама —

Според податоците на Туристичката управа на Непал, 403 лица и натаму се водат како исчезнати, од кои 341 се странски државјани. Меѓу исчезнатите има 203 мажи и 200 жени, а странските државјани доаѓаат од 26 земји.

Најголем број од исчезнатите странски државјани се од Индија – 133 лица. Следуваат САД со 47 и Велика Британија со 33 исчезнати лица. Според информациите што туристичките оператори ги доставиле до Туристичката управа, повеќето од патниците се упатувале кон Манасаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

— реклама —

Во меѓувреме, властите во индиската сојузна држава Бихар, јужно од Непал, издадоа предупредување поради опасност од поплавување на реката Гандак и го повикаа населението на зголемена внимателност.

— реклама —

Премиерот на Бихар, Самрат Чаудхари, потврди дека во неколку области веќе се активирани мерки за подготвеност. Тие вклучуваат засилен надзор на насипите, ноќни патроли и распоредување тимови на службите за итна помош.

И Црвениот крст ги засили активностите во погоденото подрачје, а итни тимови се испраќаат во три области. Подготвен е и план за евакуација, кој ќе биде активиран доколку состојбата го наложи тоа.

Непалскиот премиер Балендра Шах во меѓувреме повика на единство и порача дека државата ги става сите расположливи ресурси во функција на спасувањето, лекувањето, обезбедувањето храна и сместување за населението погодено од катастрофата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5s30pq37s150e5udfLm

Хималаите се приближуваат до критична точка: Глечерите се топат 65 отсто побрзо

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надмина 2,5 милијарди долари: Уништени најмалку 7.500 куќи

Свет | пред 1 месец

media-librarykj4m0jstma617TDiLAQ

(Видео) Девет дена по катастрофата во Непал: Спасени две лица од затрупан тунел, над 4.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Стравичен биланс од поплавите во Непал: 1.252 загинати, речиси 5.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања