Промени тема
Контакт

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надмина 2,5 милијарди долари: Уништени најмалку 7.500 куќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryupvb09rnl8b69zo3ZVb

Штетите од катастрофалните поплави што го погодија Непал достигнале најмалку 387,5 милијарди непалски рупии, односно околу 2,56 милијарди долари. Станува збор за првична проценка на штетите врз имотот, станбените објекти и инфраструктурата, соопшти директорот на Националната управа за намалување на ризиците од катастрофи, Дарма Раџ Упрети.

— реклама —

За првите четири месеци од обновата ќе бидат потребни околу 52,6 милиони долари. Средствата ќе се користат за изградба и поправка на патишта, обезбедување привремено сместување, снабдување со вода за пиење и обновување на електричната енергија.

— реклама —

Според проценките, во поплавените подрачја ќе треба да се обноват околу 20.000 куќи, од кои најмалку 7.500 се целосно уништени. Упрети посочил дека проценката е изработена во соработка со надлежните државни институции, но деталната анализа на вкупната материјална штета допрва треба да биде спроведена.

— реклама —

Катастрофата го погоди Непал на 26 август, откако на Хималаите дошло до уривање на глечник. Огромна водена буица, носејќи мраз, камења и кал, се спуштила долж реката Тришули во пограничниот регион со Кина.

— реклама —

Во разорните поплави загинале повеќе од 1.250 луѓе, додека повеќе од 4.200 лица сè уште се водат како исчезнати. Илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради последиците од катастрофата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5s30pq37s150e5udfLm

Хималаите се приближуваат до критична точка: Глечерите се топат 65 отсто побрзо

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykj4m0jstma617TDiLAQ

(Видео) Девет дена по катастрофата во Непал: Спасени две лица од затрупан тунел, над 4.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-library9rdrrl87i5108rSVih5

Стравичен биланс од поплавите во Непал: 1.252 загинати, речиси 5.000 исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-libraryj4mfkj49j7j83Q3MljN

Трка со времето во Непал: Дронови бараат стотици исчезнати работници заробени во тунели

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања