Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

41 пожар на отворен простор за една ноќ, шест сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryj722lahbhm831KAEh2p
Илустрација

Вкупно 41 пожар на отворен простор се регистрирани во периодот од 1 до 2 септември, до 7:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, шест се активни, пет се ставени под контрола, а 30 се изгаснати.

— реклама —

Активни пожари има во Штип, Струга, Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Кичево.

— реклама —

Во Штип пожарот е меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација. Во Струга огнот зафатил шума кај Пискупштина, Луково и Буринец, додека во Сарај активен е пожарот кај Копаница, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

Пожар има и кај Палиград во Студеничани, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, кај Грачани во Ѓорче Петров, каде гори нискостеблеста шума, како и на местото викано Дардара кај Тајмиште во Кичево, со зафатени ниска вегетација и мешана шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите во селата Битово, Заград и Страјане, Драгов Дол и Белица во Македонски Брод, над Палиград во Зелениково и на градската депонија Острец во Делчево.

— реклама —

Од ЦУК информираат дека се изгаснати уште 30 пожари на различни локации низ земјата, меѓу кои во Велес, Чашка, Демир Капија, Ново Село, Струмица, Валандово, Боговиње, Јегуновце, Гостивар, Прилеп, Долнени, Виница, Сарај, Арачиново, Чучер-Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Могила, Липково, Ранковце, Куманово, Старо Нагоричане и Струга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања