Промени тема
Контакт

„5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026“, вели Кузманоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6bkvhag5ntlv2sxeZLs

На денешната прес-конференција, пратеничката Марија Кузманоска соопшти дека е објавен вториот јавен повик во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој се предвидени околу 5,4 милиони евра за поддршка на отворањето нови работни места.

Кузманоска истакна дека јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ е наменет за микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

— реклама —

Според неа, за мерката се обезбедени 332.650.000 денари, а целта е да се поттикне вработувањето и да се создадат нови работни места.

Кузманоска посочи дека една компанија ќе може да добие финансиска поддршка за вработување на најмногу пет лица, во износ од 800.000 до 1.250.000 денари, во зависност од целната група и бројот на одобрени вработувања.

— реклама —

Таа оцени дека мерката претставува можност за домашните компании да го прошират своето работење, да отворат нови работни места и да придонесат кон економскиот развој.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека ова е вториот јавен повик од Оперативниот план за вработување за 2026 година, по претходниот повик за самовработување, кој беше наменет за лица што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 2 дена

media-libraryccf3ns83714daoHpMPF

„Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања