Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

69 отсто од Швајцарците поддржуваат забрана на огнометите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Свет
DSC_3607

Швајцарските граѓани на 29 ноември ќе гласаат на референдум за забрана на бучните огномети. Иницијативата, покрената од организации за заштита на животните и животната средина, според првичните анкети има поддршка од 69 отсто од испитаниците, додека 29 отсто се против, објави „Еуроњуз“.

Предлогот има цел да ги заштити луѓето и животните од бучавата, загадувањето на воздухот, повредите и пожарите предизвикани од пиротехничките средства. Од швајцарската организација за заштита на животните „Швајцер Тиршутц“ порачуваат дека огнометите кај домашните и дивите животни предизвикуваат силен стрес.

— реклама —

Анкетата покажала дека забраната ја поддржуваат гласачи со различни политички определби. Поддршката е поголема кај жените и изнесува 76 отсто, наспроти 60 отсто кај мажите.

— реклама —

Предлогот не предвидува целосна забрана на пиротехниката, туку забрана за продажба и употреба на бучни огномети. Тивки алтернативи, како светлечките прачки и пиротехничките средства што исфрлаат искри, би останале дозволени. Кантоните би можеле да одобруваат исклучоци за големи јавни прослави, но поединците не би смееле да користат бучни огномети ниту во тие случаи.

Иницијативата е покрената во 2023 година и собрала повеќе од 137.000 потписи, над потребниот минимум од 100.000 за иницирање референдум во Швајцарија.

— реклама —

Противниците, меѓу кои се Швајцарската народна партија, партијата Центар и Швајцарското занаетчиско здружение, предупредуваат на загрозување на традицијата, ограничување на личните слободи и можни економски последици за бизнисите поврзани со пиротехниката.

Според податоците на швајцарските власти, огнометите годишно ослободуваат од 200 до 400 тони ситни честички во воздухот, што претставува околу два до три отсто од вкупните годишни емисии на овие честички во земјата. Тие можат да содржат штетни метали и да бидат особено опасни за луѓето со здравствени проблеми. Дополнително, пиротехниката го зголемува ризикот од пожари, особено при топло и суво време.

Доколку граѓаните ја поддржат забраната, Швајцарија би можела да го следи примерот на Холандија, која на 1 август годинава воведе национална забрана за потрошувачки огномети, со исклучоци за најслабите пиротехнички средства и одобрени организирани приредби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Сушата ги откри тајните на Римската империја: Археолозите пронајдоа непознати градби во Швајцарија

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
Svajcarija

Швајцарија воведува данок од најмалку 2.000 франци за работници од ЕУ

Свет | пред 3 седмици

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Швајцарците денес гласаат на референдум за построга неутралност и забрана на соработката со НАТО

Свет | пред 4 седмици

media-libraryl5b9p74la21kb198H8I

Швајцарија со 3:0 ја совлада Македонија во Лигата на нации

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања