Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

700 грама хашиш откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за тетовец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhsqfff6d04cm8geHM4n

Седум пакувања со хашиш, со вкупна тежина од 700 грама, биле откриени во поштенска пратка од Шпанија наменета за македонски државјанин од Тетово.

— реклама —

Од Царинската управа информираат дека пратката, која пристигнала во Царинската испостава Пошти, била селектирана за детална контрола. При отворањето биле пронајдени неколку херметички затворени кеси во кои имало седум пакувања со зелена цврста материја.

— реклама —

По сомнежот дека станува збор за дрога, биле повикани тимови од Одделението за оперативни работи. Царинско куче детектирало присуство на дрога, по што со тестирање било потврдено присуство на ТХЦ.

Кога Р.В. ја подигнал пратката, бил приведен од инспектори од Одделението за истраги. Против него е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

По налог на јавен обвинител, материјата била испратена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за хашиш. Дрогата е запленета.

Од Царинската управа посочуваат дека борбата против сериозниот криминал е меѓу нивните највисоки приоритети и најавуваат санкционирање на обидите за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања