Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

960 кубни метри диво фрлен отпад исчистени за една недела во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library3sk9m2qv79bd2FvaMO8

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила за собирање и транспорт на отпадот, како и за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини. Возилата се обезбедени преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

— реклама —

Новиот возен парк вклучува камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни за машинско миење улици и специјализирани возила за машинско метење. Од претпријатието очекуваат нивната употреба да ја зголеми ефикасноста на работата на терен.

— реклама —

Паралелно продолжува и замената на садовите за комунален отпад, при што досега се заменети приближно 500 контејнери. Екипите вршат и рачно миење на локациите на кои се поставуваат новите садови.

Во текот на изминатата недела комуналните екипи отстраниле 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавните и сообраќајните површини во скопските општини. Најголемо количество, односно 210 кубни метри, било расчистено во општина Центар.

— реклама —

Во истиот период биле собрани и транспортирани 3.150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на Скопје.

Еко-патролата, пак, изготвила 23 записници за лица и правни субјекти затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Од нив, 12 биле врачени на територијата на општина Чаир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9kvt8c5b8olb4dZ1YHl

Во септември во Скопје собрани и транспортирани 14.320 тони комунален отпад

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarygnbo6b8isld50BmF7kz

Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна, според УНЕП

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryop9gbi1btfmi1az9f04

Од скопските улици и диви депонии отстранети 650 кубни метри отпад

Скопје | пред 4 седмици

media-library9upgi4eh67etfK3sbZY

(Видео) Собираат отпад за пари, но наместо на депонија – го истовараат на улица: уште еден случај на несовесно однесување

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања