Промени тема
Контакт

Во септември во Скопје собрани и транспортирани 14.320 тони комунален отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library9kvt8c5b8olb4dZ1YHl

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на септември собрале и транспортирале вкупно 14.320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот.

— реклама —

Покрај редовното собирање на отпадот, во текот на месецот биле отстранети и 3.040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини.

— реклама —

Од дивите депонии биле подигнати вкупно 545 кубни метри отпад во Општина Чаир, што е најголемото количество отстрането од диви депонии во текот на септември.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на физички лица и претставници на стопански субјекти, кои биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека паралелно со активностите за собирање и отстранување отпад, секојдневно се одржува и јавната хигиена во градот преку рачно и машинско метење и миење.

— реклама —

Активностите ги опфаќаат скопските булевари и улици, плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygnbo6b8isld50BmF7kz

Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна, според УНЕП

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryop9gbi1btfmi1az9f04

Од скопските улици и диви депонии отстранети 650 кубни метри отпад

Скопје | пред 2 седмици

media-library9upgi4eh67etfK3sbZY

(Видео) Собираат отпад за пари, но наместо на депонија – го истовараат на улица: уште еден случај на несовесно однесување

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

За два месеца, 30 граѓани во Карпош казнети со по 40 евра за непрописно фрлање кабаст отпад

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања