Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Минатата недела отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Скопје
media-library9epotvs7q5v60nSC406

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје минатата недела отстраниле 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголем дел од отпадот е расчистен во општина Центар, каде што се подигнати 190 кубни метри.

— реклама —

Во истиот период биле собрани и транспортирани 3.500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на Скопје.

— реклама —

Еко-патролата изготвила 20 записници за лица и правни субјекти кои го прекршиле Законот за јавна чистота. Најголем број, односно 14 записници, биле врачени во општина Чаир.

— реклама —

Од претпријатието информираат дека редовно се спроведува машинско миење на скопските булевари и улици, во доцните вечерни часови, додека плоштадите, пешачките мостови, тротоарите, пешачките патеки и Старата скопска чаршија се чистат секојдневно, во три смени.

— реклама —

Во текот на викендот, екипите учествувале и во акција за чистење на подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycdql8lsb8hbd9llMZSO

Македонија повеќе нема да прима пластичен отпад од ЕУ најмалку до 2029 година

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryaifahsiseimiem4hZRU

За една недела исчистени 890 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library3sk9m2qv79bd2FvaMO8

960 кубни метри диво фрлен отпад исчистени за една недела во Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-library9kvt8c5b8olb4dZ1YHl

Во септември во Скопје собрани и транспортирани 14.320 тони комунален отпад

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања