Сојузот на средношколци в петок, наредната недела најави протести против одлуката на Министерството за образование новата учебна година од септември да се одвива онлајн. Нивното барање се заснова на комбиниран модел што подразбира настава со физичко присуство таму каде што дозволуваат здравствените услови.
Вчера од Владата се сретнаа со претставници на средношколците, по што беше објавено дека заедно ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на Кoвид-19. Од Владата ја прифатија сугестијата на претставниците на Сојузот на средношколците за нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел за да се постигнат најдобри решенија во интерес на учениците и наставниците.