Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
📌Започнаа работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во ОУ „Христо Узунов“;
📌 Уредување и бојадисување на внатрешните и надворешните ѕидови во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“;
📌Поставен нов ламинатен под во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан;
📌 Се изведуваат тековни градежни активности за реконструкција на улиците
„15 Корпус“; „Абас Емин“ и улицата во поранешна касарна;
📌 Објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2020 година.
📌 ЈП „Охридски Комуналец“
▶️Реализирани активности за одржување на јавното зеленило и отстранување на дива и неуредна вегетација на потегот од улица „Живко Чинго“ до населба „Видобишта“;
📌ЈП „Нискоградба“
▶️ Тековни активности за изведба и приклучоци на улица „Абас Емин“;
▶️Тековни активности за изградба на кружен тек на крстосницата помеѓу улица „Железничка“ и улица „Егејска“.
▶️Чистење на фекална и атмосферска канализација на улиците „АСНОМ“, „Даме Груев“ и „Мирче Ацев“.
📌ЈП „Градски пазар“
▶️Реконструкција на детското игралиште во близина на каналот „Студенчишта“, детското игралиште на улица „Јане Сандански“ и детското игралиште во населба „Христо Узунов“.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.660619964543610/660619871210286/?type=3&theater