Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, се гради ново детско игралиште на пешачката патеката кон „Горица“.
Опремено е со најсовремени реквизити, кои се прилагодени и за дечиња со посебни потреби.
Се поставува специјална гумирана подлога, во согласност со стандардите за безбедност.
Планирана е изградба и на нови детски игралишта во близина на ОУ „Григор Прличев“ и во населбата „Црногорци“ во близина на новиот терен за баскет.
Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
