Македонија

Пуцко Петрол ќе инкасира еден милион евра од скопските комуналци

Вкупно 75.397.486 милиони денари, односно повеќе од еден милион евра за една година за гориво ќе инкасира компанијата „Пуцко Петрол“ од јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Според информациите на системот за јавни набавки милионскиот бизнис го добила фирмата Пуцко Петрол од Пласница. Таа има обврска во период од една година да реализира набавка на 80 илјади литри ЕУРОСУПЕР 95, 500 литри ЕУРОСУПЕР 98, 900 илјади литри ЕУРОДИЗЕЛ, 40 илјади литри течен нафтен гас и 100 илјади литри екстра лесно масло за домаќинство.

Претходно „Пуцко – Петрол“ е потписник на тендерите за ЈСП-Скопје вреден 15,3 милиони евра, гориво за службените возила во Министерството за правда вреден 34 илјади евра, гориво и масло за греење од 150 илјади евра за Охридската болница, масло за греење за болницата во Струга во вредност од 100 илјади евра… На листата на институции на кои „Пуцко – Петрол“ само годинава им продал услуги се и општина Студеничани, Агенцијата за храна и ветеринарство, општина Сарај, Управата за јавни приходи.

„Пуцко Петрол“ во 2017 и 2018 година склучил договори за 395 тендери вредни 2.143.110.674 денари или околу 34,56 милиони евра.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток