Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители ќе избира нов директор

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” денеска на јавна седница треба да избере нов директор и заменик-директор за следните четири години.

Кандидати за директоркото место се Мирјана Лазарова-Трајковска, Наташа Габер-Дамјановска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Првиот човек на Академијата треба да биде избран од деветмина членови на Управниот одбор со двотретинско мнозинство.

За местото заменик-директор е пријавен само еден кандидат, а во досегашното работење на Академијата ова место не беше потполнето.

Кандидатите кои аплицираат за позицијата директор и заменик-директор на Академијата треба да имаат најмалку осум години работен стаж како судија во судовите во Република Македонија, во Уставниот суд на Република Македонија, во меѓународен суд или да се лица со најмалку осум години работен стаж како јавен обвинител. Треба активно да познава и еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

–Во моментот на именувањето со правосилна пресуда да не е осудено за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци и со правосилна пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност за кривично дело или прекршок поврзани со злоупотреба на судиската или јавнообвинителската функција, велат од Академијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток