Нефи Усеини и неговиот брат излегоа од притвор и ќе се бранат од слобода. Од охридскиот суд за Телма официјално потврдија дека двајцата браќа ќе се бранат од слобода со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра. Обвинителството дало позитивно мислење а кривичниот совет на охридскиот суд вчера ја прифатило гаранцијата, и ставена е хипотека на деловниот простор во што го понудиле браќата велат од судот. Станува збор за три споени дуќани со вкупна површина од над 200 метри квадратни во Охрид.
Претходно одраната нудеше гаранција во кеш од 30 илјади евра за да им биде заменет притворот, но иако охридскиот суд прифати, битолска апелација го укина ваквото решение.
На 22 септември е закажано судењето за насилство.
Текстот во целост на: Телма