Заклучно со 15 септември (вторник) завршува рокот за поднесување барања за еднократна парична помош за првачиња што ја доделува Општина Аеродром.
Паричната помош е во висина од 3.500 денари, за што Општината издвои 2 750 000 денари.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:
– Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
– Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;
– Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид;
– Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.
Барањата можат да се поднесат заклучно до 15 септември 2020 година во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.