Стоејќи мирно во конференциската сала од авионот, тие двајца, заедно со новинарите кои го следат Трамп, за околу 3.000 жртви оддадоа почест со минута молчење во ослм часот и 46 минути полокално време, што го симболизира моментот кога пред 19 години, првиот авион со кој управувале терористите удрил во Светскиот трговски центар во Њујорк.
Како што наведува АП, претседателското летало било на пат кон местото Шенксвил во американската сојузна држава Пенсилванија, каде што Трамп ќе одржи комеморативен говор на местото каде што на 11 септември 2001 година се урна еден од киднапираните патнички авиони кога загинаа сите што беа во него.
Противкандидатот на Трамп на претседателските избори, Џо Бајден, најави доаѓање на местото на нападите во Њујорк, а потоа и во Шенксвил, нагласувајќи дека денеска нема да се занимава со политички активности.