Епидемијата на ХИВ во Европа продолжува да се шири со загрижувачко темпо, особено во Источна Европа, покажува најновиот извештај на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Бројот на дијагностицирани ХИВ-случаи во регионот продолжува да расте, но темпото забавува, се вели во извештајот на Центарот. Во 2017 година биле регистрирани околу 160.000 нови случаи, од кои 130.000 во источниот регион на Европа.
Стапката на нови случаи во источниот дел е диспропорционално повисока отколку во Западот, каде што е забележана стапка од 6,4 нови случаи на секои 100 000 луѓе. Во централна Европа се забележани 3,2 нови случаи на секои 100 000 луѓе.
Во Русија оваа стапка е највисока, по што следуваат Украина и Беларусија. Во 2017 година биле регистрирани дури 71 нов случај на заболени од ХИВ на секои 100 000 луѓе.
Во последните три децении забележани се над 2.32 милиони случаи на заболени од ХИВ во Европа. Според Светската здравствена организација, во 2017 година на глобално ниво имало 36,9 милиони вакви случаи. Најголемиот дел од нив, дури 25,7 милиони, живеат во Африка.