Македонија

(ВИДЕО) Тепаните роми од битолската полиција: Не малтретираа како стока

Ромите кои во вторникот направиле сообраќајка по што биле претепани од страна на сообраќајната полиција во Битола, преку обраќање во живо на фејсбук сведочеа што се случило ноќта.

Според Елвис Шаќири од граѓанската иницијатива АВАJА, во вторникот, тројцата Роми со автомобил направиле сообраќајна несреќа и удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, која како што вели Шаќири, дошла на местото на настанот и без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и започнале брутално да ги тепаат.

Таткото и синот се здобиле со потешки телесни повреди, а третиот сопатник со пукната аркада на лицето. Тие велат дека биле задржани во полициска станица до 5 часот изутрина, како и дека веднаш штом пристигнале во станицата, тие биле малтретирани и омаложувани, нарекувани со навредливи зборови и тепани.

https://www.facebook.com/avaja.org/videos/1766785920186569

 

На почеток