Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше изречена пресудата за случајот „Насилство во Центар“. Во овој случај обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.
Груевски беше осудена на година ипол затвор за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.
Јанакиески доби условна казна, или 1 година затвор ако во наредните 4 години стори друго кривично дело.
Обвинетиот Александар Трајковски, пак, условно е казнет или ќе одлежи 9 месеци ако во следните 3 години стори ново кривично дело.