Македонија

Царовска: Семејствата со повеќе деца настава од далечина ќе следат и на националниот телевизиски сервис

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, го посети општинското основно училиште „Кирил и Методиј” во Тетово, каде наставата ќе се одвива со физичко присуство од прво до трето одделение, а во погорните одделенија со настава од далечина.

– Ако заедно се соочуваме со предизвиците, тие полесно се надминуваат. Ова се покажува и во училиштето „Кирил и Методиј“ каде соработката на локалната самоуправа и училиштето, како и целосното вложување на наставниците резултираат со подготвеност за старт на училишната година на двата начини. Видовме дека се почитуваат мерките и протоколите за безбедно одвивање на наставата, направено е обележување на патеките, набавени се топломери а клупите се поставени на пропишаното растојание. Наставниците се вклучени во тестирањето на онлајн платформата – изјави министерката Царовска.

За оние семејства кои имаат по повеќе деца па им требаат многу компјутери за онлајн настава, Царовска ја потенцираше можноста за следење настава од далечина и на националниот телевизиски сервис.  

-Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент кој се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да принтаат и материјали кои што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови. Ова е за оние кои нема да можат да се приклучат онлајн. Секако ќе беше добро како држава претходно 15 години да инвестираме во дигитализација и во образованието и сите деца да имаат пристап до интернет и до ИТ опрема но тоа треба да биде задача и лекција за во наредниот период, истакна Царовска.
На почеток