Македонија

Заменик-министерот на Артан Груби – Илхан Рахман, позитивен на ковид-19

„Сакам да Ве известам дека покрај сериозното почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, после благите симптоми од покачена телесна температура резултатот на вчерашното мое тестирање е позитивен. Што покажува дека не сум успеал доволно да се заштитам. Апелирам до сите максимално и константно да се придржуваат на протоколите и мерките за заштита“, напиша на својот ФБ профил заменик-министерот на Артан Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.

https://www.facebook.com/ilhan.rahman1987/posts/10220700551356045

Тој е избран за заменик-министер на собраниска седница на 23 септември годинава. Доаѓа од Партијата за движење на Турците, а претходно беше директор на Агенција за остварување на правата на заедниците.

 

На почеток