Македонија

Од коронавирус почина д-р Тасевски, хирург во кумановската болница

Кумановскиот хирург д-р Драган Тасевски почина како последица на коронавирусот, потврдија денеска од Општата болница во Куманово. Од Центарот за јаво здравје информираа дека тој пред десетина дена бил евидентиран како позитивен на коронавирус. Се лекувал најнапред на Инфективната клиника, а потоа и во приватна здравствена установа.

Доктор Тасевски работеше во кумановската болница повеќе од триесетина години.

На почеток