Во регионалниот ковид центар во штипското Инфективно одделение од 50 пациенти, речиси половината се на кислородна поддршка, а имаат и пациент на 25 години. Неколку дена поради исполнетиот капацитет, пациентите се препраќаат и во кочанската болница, објави Телма.
Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи на 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.