Македонија

Нема за ученици, има за пратеници: Собранието си купи 100 лаптопи

Со потпис на спикерот Талат Џафери, Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто лаптоп компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ.

Инаку додека собранието набавува компјутери, власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн или со физичко присуство на пратениците во законодавниот дом.

На почеток