Македонија

Половина од пацинетите со КОВИД 19 во штипското Инфективно одделение на кислородна поддршка

Во регионалниот ковид центар во штипското Инфективно одделение  од 50 пациенти, речиси половината се на кислородна поддршка, а имаат и пациент на 25 години. Неколку дена поради исполнетиот капацитет, пациентите се препраќаат и во кочанската болница, објави Телма. 

Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи на 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.

 

На почеток