Македонија

Каракачанов: Уште кога го потпишаа договорот со Грција ги предупредивме, со ваква политика, не можеме да ви дозволиме влез во Европската Унија

По најавата за вето од шефицата на бугарската дипломатија, потврда за ставот на владата во Софија стигна и од министерот за одбрана, Красимир Каракачанов. Никој во Бугарија нема да направи отстапки, а Македонија не треба да очекува дека државата ќе попушти под меѓународен притисок, порача Каракачанов.

Според него, Бугарија била првата држава која ја призна Република Македонија како независна држава, но прашањето е дали земјата сака да биде член на ЕУ, објави 24.мк. 

„Уште кога го потпишаа договорот со Грција ги предупредивме. Со ваква политика, не можеме да ви дозволиме влез во Европската Унија. Проблемот со историјата мораме да го решиме. Не може во вашите учебници по историја да пишува дека Бугарите се „Турско-Татарско племе“. Дека Бугарите се фашисти и окупатори. Национален празник да ви биде 11. Октомври, Ден на востанието против Бугарскиот окупатор. Не може да ми кажувате дека Цар Самуил бил македонски цар. Дека Кирил и Методиј и Климент Охридски биле Македонци. Дека азбуката била македонска“ – вели Каракачанов.

Текстот во целост на: 24.мк. 

На почеток