Македонија

Жерновски го напушти говорот на Иванов во ОН

За време говорот на претседателот Ѓорге Иванов, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја напуштил салата на Обединетите нации.

„Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легитимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели. Отворениот повик за бојкот на референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации“, нагласи Жерновски.

„Македонија нема повеќе време за губење! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина“, додава тој во објавата на својот ФБ профил.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток