Македонија

Единствена Македонија до власта: Ајде да одиме на референдум и народот нека одлучи за решенијата со Бугарија

Во Република Македонија постои жестока полемика и поделеност меѓу власта и опозицијата за прашањата за кои се преговара со Бугарија а кои се однесуваат на македонската нација, јазик, историја, историските личности, Македонците во Пиринска Македонија, карактерот на бугарскотто присуство во Македонија во Втората светска војна, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

Затоа Единствена Македонија ја повикува власта да распише референдум како најдобро решение за излез од оваа ситуација на поделеност која може да доведе до несакани последици, бидејќи не станува збор за било какво прашање туку за прашања кои го начнуваат македонскот идентитет на сите Македонци во земјата и странство.
Единствена Македонија очекува од власта да започне законодавна постапка за распишување на референдум на кој народот на непосреден начин ќе каже што мисли за решенијата со Бугарија.

Ако на пример, во една Швајцарија се распишува референдум за прашање дали да се зголеми цената на лебот, тогаш не треба посебно објаснување зошто треба да се праша народот на референдум за прашање кое навлегува во идентитетот, историјата, јазикот на еден цел народ.

За Единствена Македонија нема дилема. Последниот збор за решенијата со Бугарија треба да го кажат на референдум македонскиот народ и државјаните на Република Македонија, велат од Единствена Македонија.

На почеток