Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да се извезува, покрај естрахирано масло и сушен цвет, зборуваме за извоз, процената за 2021 е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.
Како што рече тој, покрај извозот на сушен цвет, државата може да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра.
„Отворена е можност да дебатираме сите во држвата, не брзаме никаде, цела 2021 година е пред нас, очекувам нашиот народ да оформи став за ова прашање исто како и сите институции, парламентот, Владата, опозицијата, сите заедно да разговараме дали мислиме дека ставањето во употреба на канабисот за рекреативни цели, за нешто што вчера видовме дека и Светската здравствена организација го пушти во светот, што покажува дека сме неколку чекори понапред, дури и од СЗО. Во тој поглед може да го искористиме како акцелератор за развој на оние дејности што не ни се доволно развиени, а тоа се, пред сè, туризмот, угостителството и услужните дејности во државата“, изјави Заев.
Тој објасни дека во моментот има 50 лиценци од државата издадени за производство на канабис.
„Секој што аплицира може да добие лиценца, огромен дел од тие проекти е веќе реализиран и имаат свое сопствено производство за закон што е донесен за време на претходната власт во 2014 година или 2015 и по тој закон се движиме“, дополни премиерот.