Македонија

Министерот за антикорупција Николовски си го вработил братучедот во МНАВ за плата од 100.000 денари

Министерот за спречување на корупција, Љупчо Николовски, го вработил својот братучед во МНАВ, каде што работи и неговиот чичко, објави Нетпрес.

За вработувањето на братучедот Стефан Николоски не било пречка што таму работи неговиот татко, а неговиот братучед е министер во Владата.

Според информации на „Нетпрес“ вработувањето било извршено од втор обид затоа што Стефан не ги исполнувал условите. Подоцна биле променети условите на конкурсот за Стефан да се вработи во МНАВ.

Тоа било направено и со смена на лицето кај кого братучедот на Николовски полагал, а првиот пат не положил.

извор: Нетпрес

На почеток