Во поглед на најновите реформи во македонското образование, ВМРО-Народна партија смета дека непотребно се создава атмосфера на паника дека училишниот предмет – историја ќе бил укинат, се вели во соопштението од ВМРО НП.
Во продолжение на истото се додава:
Од самиот концепт се гледа дека историјата како предмет останува и се поврзува со географијата, впрочем во најголем дел од Европа така функционира образовниот систем, а тој концепт не ја изостава ниту Македонија овобено во приватните училишта каде обично таа комбинација се нарекува “Social Studies” или општествени науки.
Истовремено ВМРО-Народна партија реагира за предлог – предметот „Јога“ кој би се вовел во македонскиот образовен систем и укажува на моментот дека јогата како предмет не е само физичко вежбање туку пред се јогата има сопствено религиозно значење во кое поединецот се поврзува со хиндуистичките божества.
ВМРО-Народна партија смета дека со ваквиот предлог може да се напушти секуларизмот во македонското образование, а и да доведе до повреда на религиските чувства на двете најголеми религиозни заедници во Македонија, христијанската и исламската.