Актуелно

Единствена Македонија: На повидок фалсификување на пописот, власта лаже дека попишувањето на целото резидентно и нерезидентно население е европски пописен модел

Власта во Скопје лаже дека новиот закон за попис кој влегува во собраниска процедура е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Иронијата да биде поголема законот влегува во Собранието со т.н европско знаменце иако овој законскин текст е во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ. Ја повикуваме власта да каже барем една земја членка на ЕУ каде при спроведување на пописот се попишува целото резидентно и нерезиденто населениие, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Тие во истото додаваат:

Единствена Македонија упатува драматична порака дека дококу биде изгласан законот за попис онака како што е предложен, во земјата на повидок е ново фалсификување на пописот во април догодина.

Историското значење на уште еден фалсификуван попис е поголемо од самиот факт за еден попис, затоа што Македонија со фалсификување на пописот, дефинитивно ќе го изгуби темелот на својата државност.

Потсетуваме на фалсификуваниот попис од 2002 и лажното прикажување на Албанците дека се 25,17 отсто, со цел, да ги задоволи потребите од т.н. рамковен договор. За ова постои кривична пријава од Единствена Македонија уште од 24.09.2009 и од приложените факти и докази кон пријавата се гледа дека албанското малцинство е околу 16 отсто од населението. Но, до денешен ден кривичната пријава останува закочена во обвинителската фиока.

Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис во 2021, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ. Единствена Македонија, исто како и македонскиот народ, секој обид за фалсификување на пописот ќе го смета за велепредавство спрема Републиката.

На почеток