Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска, и од технички и од финансиски аспект, и дека се надева дека земјотресот поминал со минимални жртви.
Ние сме подготвени да обезбедиме секаков вид помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите објекти – истакна Вучиќ.