Свет

Хрватскиот амбасадор во Србија со грутка во грлото и солзи во очите: Зборови не може да опишат колку значи оваа поддршка

Денеска, пред хрватската амбасада во Белград се одржа собир во знак на солидарност со жртвите од разорниот земјотрес во Хрватска.

Како што пренесува „Нова.рс“, на насобраните пред Амбасадата им се обратил хрватскиот амбасадор во Србија, Хидајет Бишчевиќ, кој крајно емотивно реагирал на пораките за поддршка.

На прашањето колку за него значи доаѓањето на луѓето на собирот за солидарност, Бишевиќ на работ на солзи проговори:

„Тешко е… Право да ви кажам, тешко е да се опише со зборови колку значи ова. Ви благодарам“.

На собирот за солидарност пред хрватската амбасада во Белград активистката Аида Чоровиќ рече дека ниту короната, ниту дождот ниту земјотресите не може да ги спречат белграѓани да ги сакаат своите пријатели, да промовираат меѓусебна почит и, како што рече, во овие сурови услови, со солидарност и поддршка да покажат дека луѓето на овие простори имаат многу повеќе заеднички работи отколку разлики.

Во меѓувреме, српската влада ја донесе одлуката да ѝ испрати на Република Хрватска сума од еден милион евра финансиска помош за отстранување на последиците од разорниот земјотрес кај Петриња.

На почеток