Свет

(ВИДЕО) Во Косово татко си ги уби двајцата синови и сопругата , а потоа се самоубил

Четирикратно убиство во селото Пожарање кај Косовска Витина, потврдија косовската полиција и окружното обвинителство во Гњилане. Сите убиени биле членови на исто семејство.
Мажот Фетах Зука, го уби целото семејство, а потоа изврши самоубиство!
Тој прво пукал во устата на неговата сопруга Макфира, а потоа ги убил неговите синови Арбер и Хамдија.

Косовската полиција потврди дека во Витина околу 18 часот се случило четирикратно семејно убиство и објави дека истрагата е во тек.

„Се сомнева дека Ф.З со огнено оружје ги убил сопругата на М.З и неговите две деца Х.З и А.З., и на крајот извршил самоубиство. Полициските и медицинските екипи веднаш излегле на местото на несреќата, но тие само можеле да ја потврдат смртта на сите членови на семејството. По наредба на обвинителот, нивните тела ќе бидат испратени на обдукција до Институтот за судска медицина во Приштина“, се вели во соопштението.

Медиумите наведуваат дека семејството дошло од Швајцарија за празниците, а се претпоставува дека човекот сам си пресудил во дворот на куќата откако ги убил сопругата и двете момчиња.

Во тек е полициска истрага.

Фото: Fax.al

 

На почеток