Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 89 мерки, од кои 5 за нерегистрирани возила, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 8 санкции за користење на мобилен телефон, 5 за возење под дејство на алкохол.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.