Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во ноември годинава во однос на ноември лани забележал пад од 6,2 отсто номинално и реално за 9,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Кај трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво забележан е пад номинално за 17,1 отсто, а реално за 17,3 отсто, трговијата на мало, освен трговија со горива номинално за 12,3 отсто, а реално за 14,1 отсто и трговијата на мало со автомобилски горива номинално за 29,1 отсто, а реално за 17,9 отсто.
извор: МИА