Оваа година донесе многу неизвесност за сите нас, соочувајќи се со пандемија која тектонски го промени нашето секојдневие. Комуницираме, се дружиме и работиме на сосема различен начин, промени кои беа тешки, но нижни за да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Сепак покрај сите тешки моменти оваа година научивме важни лекции и се потсетивме на вистинските вредости.
Се потсетивме дека здравјето е најважно и дека мора да го чуваме, дека солидарноста и меѓусебната поддршка се вредност која мора да ја негуваме. Научивме дека во животот промените доаѓаат неочекувано и мора да ги прифаќаме. Научивме дека и секоја криза е нова можност, од која треба да извлечеме поука за да продолжиме сите заедно напред.
Драги граѓани, покрај сите предизвици горд сум на сработеното во 2020 год., истакна во дел од новогодишната честитка градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.
Во продолжение честитката од градоначалникот …